Лингвистички структурализам
Abstract
Лингвистиката (jазикословие; лат. lingua, „јазик“) е наука за јазикот со кој комуницираат луѓето, а се смета како дел на семиотиката.Таа го проучува јазикот како средство за комуникација, а во нејзините рамки, одделно се проучуваат јазичните нивоа, нивната интеракција и различните јазични стилови.
Лингвистиката е современа и млада научна дејност која се конструира како наука кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога се засилува научниот интерес за теориските проблеми на јазикот, а нејзините почетоци се сврзани со името на швајцарскиот лингвист Фердинанд де Сосир. Тој е меѓу првите луѓе кои за јазикот зборуваат како за сложена структура, како за систем не еднаш даден и затворен, туку како еден жив и отворен процес, постојано подложен на влијанија и промени.
Сè до издвојувањето на лингвистиката како наука, јазикот се
проучувал, пред сè, како средство на културата, во рамките на филологијата.
Лингвистиката се издвојува од филологијата во моментот кога нејзините
проучувања добиле вистинска научна втемеленост и аргументираност.
Јазикот, правилно сфатен како структура во која секој елемент е причинско- последично врзан со другите, станува достоен предмет на проучување на идните лингвисти. Се отвораат нови и нови проблеми врзани со знаковната, општествената и психолошката природа на јазикот.
Задачите и методите на секоја наука произлегуваат од природата на
нејзиниот предмет на проучување. Лингвистиката има за цел да го истражи сложениот јазичен ентитет - неговата природа и начинот на кој функционира тој. Во рамките на лингвистичките проблеми спаѓаат и методите со кои се вршат таквите истражувања.
References
http://sr.wikipedia.org/sr-el/slavistika
Ивиќ, М. (1963). Правци у лингвистици, Љубљана.