Успешен трансфер на поговорките и пословиците од еден во друг јазик
Abstract
По бројните проучување извршени во рамките на лексикологијата, фразеологијата и паремиологијата, се дојде до заклучок дека постоечките навидум тешко преводливи јазични категории, какви што се поговорките и пословиците, се преводливи односно имаат свои еквиваленти дури и во јазиците со различна фразеологија. Успешното трансферирање на ваквите јазични категории секако зависи и од лингво- културниот приод. Во основа лингво- културата ја содржи кумулативната функција на јазикот, во која јазикот служи како складирање и трансфер на објект на колективното искуство, а ваквите јазични категории се манифестираат најјасно во фразеологијата.