Теорија на преведувањето
Abstract
Феноменот на јазикот, како на говорниот така и на писмениот,бил предмет на истражување на теоретичарите и на практичарите од разни научни дисциплини.
Своето егзактно научно осветлување јазикот го стекна кон крајот на
19 и во почетокот на 20 век, кога Фердинанд де Сосир со своите погледи ги систематизира претходните идеи и отвори нови можности за проучување. Де Сосир и другите структуралисти вниманието го свртеле кон говорот како средство за комуникација. Тие стојат на становиштето дека јазикот се учи со говорот, а „говорот е јазик“.
Говорот е способност на човечкото битие и служи за размена на
искуства во процесот на комуникација, но има и друга страна која може да ја спречува размената на комуникацијата. Во повеќенационалните заедници се воспоставуваат различни контакти со членовите што говорат различни јазици. Тие контакти на посреден или непосреден начин пренесуваат елементи од едниот систем на другиот. Пренесувањето на елементите доведува до системски промени кои можат да бидат конвергентни, што подразбира „одреден степен на два одвоени система“.
Контактот и конвергенцијата претставуваат два различни јазика и две
култури. Ако се разберат овие два термина од социолошки аспект, дека
истата личност ги учи елементите на јазикот и на културниот систем кој се разликува од неговиот, т.е. двојазичност и акултурација, тогаш резултатите на тој процес, односно промените што настануваат во едниот или во двата система се во интерференцијата. Интерференцијата првенствено се јавува во перформансата, односно во употребата на јазикот во конкретни ситуации. Од ова произлегува дека феноменот интерференција, пред да стане јазична појава, во прв ред е психичка појава.
References
Delisle, J. (1980), L’analyse du discours comme méthode de traduction. – Ottawa: Presse de l’Université d’Ottawa.
Lederer, M. (1994), La traduction aujourd’hui. Paris: Hachette.
Rozan, J.F. (1965), La prise de notes en interprétation consécutive. – Genève: Librerie de l’Université Georg & Cie, S.A.
Seleskovitch, D. (1968), L’interprète dans les conférences internationales – Problèmes de langages et de communication. Paris: Minard Lettres Modernes.
Сигмунд Ф. (1976), Увод у психоанализу, књига 2, Матица српска, Белград.