Учебникот како наставно средство и извор на знаење
Abstract
Учебникот се смета за продукт на степенот на развиеност на системот на образование и воспитание во една земја. Тој ја покажува и докажува грижата на општеството за образованието и воспитанието како негови витални интереси и функции. Како средство за комуникација во наставатаучебникот претставува значаен показател, одраз и израз на нашите педагошки концепции, сфаќања и погледи за наставата и за севкупниот воспитно-образовен систем.
Добриот учебник претставува едно од најмоќните средства за
формирање на личноста на ушеникот за зголемување на ефикасноста на воспитно-образовната дејност. Тој најнепосредно го води наставникот во наставата и му служи како ориентир и патоказ во реализацијата на програмските цели и задачи, односно на наставните содржини. Се разбира,
учебникот ќе ја интензивира и унапредува наставата само ако оди во чекор со најновите педагошко-психолошки, дидактичко-методички и други научни сознанија. Затоа, тој мора перманентно да се усовршува, квалитетно да се подобрува од научен, педагошко-дидактичен, естетски,
графичко-илустративен, технички и друг карактер.
Downloads
Published
2013-10-24
Issue
Section
Articles
