Функционална морфологија

Authors

  • Violeta Nikolovska

Abstract

Предмет на овој труд ќе биде разгледувањето на зборовните групи во еден јазичен теориски пристап насловен како „функционална морфологија“, кој го среќаваме во граматиката на чешки јазик „Mluvnice češtini - 2“, а изработен врз теориски основи на М. Комарек и Ј. Корженски, изложени во статијата под наслов “Teoretické základy synchronné mluvnice spisovné češtiny / „Теориски основи на современата граматика на литературниот чешки (јазик)“ (M. Komárek, J. Kořensky, 1975). Во овој пристап се разликува „формална морфологија“, која се занимава со системот на формите (парадигматиката), земајќи ја предвид морфемската структура на облиците, нивниот системски однос и динамиката на морфолошкиот систем, од функционална морфологија – која дава објаснување на функциите на зборовите односно на зборовните групи и како таква навлегува и во областа на синтаксата.

Downloads

Published

2013-04-17

Most read articles by the same author(s)