Јазичните вештини на учениците во периодот на подготовка за читање

Authors

  • Lidija Jovanovska
  • Zoran Pavlov
  • Slavica Koleva

Abstract

Читањето претставува комплексна активност која во себе ги вклучува перцепцијата и мислењето како два меѓусебно поврзани процеси. Перцепирајќи, ученикот го препознава зборот, ги забележува симболите, ја бара смислата на пишаните знаци. Прашање е како и колку детето - читач е во состојба да го разбере пишаниот говор, да ги открие мислите во текстот, за него како „мал ребус“, ако текстот се толкува не само како помошен „технички систем“, туку и како „говор во отсуство на соговорник“ или без „психолошки допир“ на соговорникот. За да научи да чита, потребно е ученикот да го научи системот на пишани симболи - букви кои се користат да го претстави говорот. Истражувањата покажале дека постои тесна врска меѓу говорниот речник - препознавањето на голем број на зборови и јазичните вештини на детето. Способноста да се препознаат поединечните гласови во зборот е вештина која е тесно поврзана со јазичните вештини на детето во периодот на подготовка за читање.

Downloads

Published

2013-04-18