Теоретски дискусии за учењето странски јазици
Abstract
Учењето втор јазик, покрај мајчиниот, е комплексен и долготраен процес. Врз него влијаат многубројни надворешни и внатрешни фактори. Долго време се воделе теоретски расправи за влијанијата на факторите врз процесот на учење странски јазици, за подобрување на наставата по странски јазик во насока на полесно прифаќање на структурите (морфологија, синтакса, фонетика) на туѓите јазици, за улогата на наставникот во тој процес, за когнитивната страна на учењето странски јазици. Овде се наведува изборот на Хејд на некои познати теории, кои имаат предизвикано доста бранувања во дидактичките науки, а немаат дадено плодови целосно применливи во пракса.Downloads
Published
2013-04-18
Issue
Section
Articles
