Когницијата и теоријата за умот кај деца со нарушувања од аутистичен аспект

Authors

  • Lence Miloseva

Abstract

Нарушувањата од аутистичeн спектар се развојни нарушувања коисе огледаат во тешкотии во социјалните интеракции и комуникации, какои постоење на стереотипно однесување, интереси и активности. Со огледдека клиничката слика на нарушувањата од аутистичен спектар варира востепенот на сериозноста и тежината на симптомите, се смета за оправданода се зборува за спектар на развојни нарушувања. Во овој прегледен труд гиевалуиравме хипотезите за теоријата за умот во светло на истражувањатакои како предмет на проучување ги имале следните прашања: Дали децатасо аутистично нарушување развиваат концепти на теоријата за умот?Како можеме да објасниме зошто некои деца со аутистично нарушувањеуспешно ги решаваат задачите од теоријата за умот? Дали дефицитите вотеоријата за умот се сметаат за големи оштетувања кои ги карактеризираатаутистичните нарушувања? До денес не е предложена теорија која би гиобјаснила сите важни аспекти на аутистичните нарушувања или пак бибила единствена, унифицирана за сите аутистични нарушувања. Земајќипредвид дека во литературата се најзастапени теориите кои нарушувањатаод аутистичниот спектар ги толкуваат како дефицит на теоријата за умот,во трудот сe обидовме да ги евалуираме хипотезите на теоријата за умотза аутизмот, со посебен осврт на дефицитите во когницијата.

Downloads

Published

2013-10-24

Most read articles by the same author(s)