Aнксиозност и депресивност кај деца и адолесценти

Authors

  • Lence Miloseva

Abstract

Целта на овој прегледен труд е да се акцентира постоењето на антиномија и стигма помеѓу поимот „ментално здравје“ и училиштата, како и важноста и потребата за нивно надминување. Современaта клиничка психологија, посебно развојната психопатологија има огромни апликативни можности за промовирање на менталното здравје во училиштата и превенција на појавата на менталните нарушувања. Анксиозноста и депресивноста се најмалку истражувани, покрај тоа што се во рангот на често присутните психички нарушувања во периодот на детството и адолсецецијата. Според сфаќањата на развојната психопатологија, до нарушувања не доаѓа одеднаш, туку постепено од субклинички симптоми, поединечни симптоми, преку синдроми до нарушувања. Тоа упатува на важноста на истражувањата на сите нивоа на психопатолошките феномени, посебно на ниво на симптоми и синдроми, а со цел подобро препознавање на децата и адолесцентите кои се под ризик на развој на некое нарушувањање, како и развивање на стратегијата на превенција, посебно во училиштата.

Downloads

Published

2013-04-17

Most read articles by the same author(s)