Обликување на ентериер на градска куќа од 19 век во Македонија

  • Petar Namicev
  • Ekaterina Namiceva

Abstract

Традиционалната архитектура на градот во 19 век во Македонија содржи одредени естетски вредности, каде што значајно место заземаобликувањето на ентериерот. Елементите на ентериерот се вградуваатво завршниот процес на градење, при финалното обликување навнатрешниот изглед на просториите. Вообичаено се вградуваат одредениелементи кои се претходно подготвени за да се добие проектиранакомпозиција. Елементите во ентериерот се мусандрите, долапите,таваните, рафтовите, оградите, внатрешните врати и други елементи коисе дел од декорацијата во ентериерот. Во декорацијата на ентериеротвлијае занаетчиската умешност на мајсторските тајфи и резбарите, коиработеле на територијата на целиот Балкан и на тој начин ги пренесувалевлијанијата во декоративната композиција и структурата на уредувањево ентериерот од другите региони. Притоа се применувала различнатехника на обработка и избор на материјалите за различни елементи,со вообичаена методологија на формирање на декоративната структурана елементите. Во ентериерот се применувале вообичаени модели надекоративна ускладеност на уметничкиот израз на еден објект или сепрактикувале одредени декоративни мотиви, кои станале задолжителни ивообичаени мотиви во стандардизирана метода на изработка.
Published
Feb 8, 2016
How to Cite
NAMICEV, Petar; NAMICEVA, Ekaterina. Обликување на ентериер на градска куќа од 19 век во Македонија. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 9, n. 9, feb. 2016. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1292>. Date accessed: 22 july 2019.

Most read articles by the same author(s)