Просторни особености на традиционалната куќа во Штип во 19 и почетокот на 20 век

Authors

  • Petar Namicev ,
  • Ekaterina Namiceva

Abstract

Просторната организација на куќата во Штип, според презентиранитемодели и просторни концепти, има голем број на типови на модели, коисе вбројуваат во најоригиналните архитектонски концепти на куќите воградовите во Македонија од 19 век.Поделбата на просторот по вертикала куќата ја дефинира сопростории за постојано користење, од економски карактер во приземјето ипростории за престој и спиење на катот. Во приземјето покрај просториитеза подготовка на храна може да се вклопи и дуќан, ориентиран кон улицата.Според презентираните просторни концепти на основата, на повеќе нивоа,можеме да констатираме функционална шема на куќата, која е поврзана ина повеќе нивоа, со пристапни влезови од две или повеќе страни, каде штое карактеристична примената на балкон.Споменатите елементи на просторната концепција и структуратана куќата во Штип и аналогиите со другите соседни земји укажуваат напостигната функционална и конструктивна сложеност, која е резултатна искуството во приспособување на локацијата и градежните нормативикои биле актуелни на поширокиот балкански простор. Просторната шемана куќата во Штип поседува доволно аргументи за да се категоризира востанбен простор со врвни квалитети и оригинални просторни шеми наобјектите, во периодот на нивната изградба.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2014-12-31

How to Cite

Просторни особености на традиционалната куќа во Штип во 19 и почетокот на 20 век. (2014). Natural Resources and Technology, 8(8). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/940

Most read articles by the same author(s)