Традиционалните вредности на сокакот како урбан елемент на македонскиот град во 19 век

Authors

  • Petar Namicev ,
  • Ekaterina Namiceva

Abstract

Урбаната форма на уличната и сообраќајна мрежа на градот во 19 векво Македонија се состои од приспособување и поврзување со постојнитесообраќајници, од каде што се развивал целокупниот систем на уличнамрежа. Во средиштето на урбаниот систем секогаш била поставеначаршијата како економски двигател, која просторно и функционално,во одредена радијална положба, ги соединува сите улици во една мрежа.Во просторот на сокакот најчесто покрај функцијата на комуникативенпростор се надоврзуваат и одредени просторни елементи од куќата,кои просторно делуваат на збогатување на амбиенталната вредност. Воприоритетните зони според функционалните потреби се формираатсредишен простор, кој се состои од јавен објект, сакрален објект и другиурбани содржини кои го потенцираат значењето на просторот. Одредениисториски јадра денес се сочувани во мал дел и на свој начин успеваатда се спротивстават на промените и трансформациите кои ги носисовремениот урбанизам и начин на живеење. Потребно е да се одредат изаштитат одредени градителски и просторни јадра, каде што ќе се регулиракористењето на јавниот простор, со одредени законски регулативи.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2014-12-31

How to Cite

Традиционалните вредности на сокакот како урбан елемент на македонскиот град во 19 век. (2014). Natural Resources and Technology, 8(8). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/934

Most read articles by the same author(s)