Декоративни мотиви во ентериер на градска куќа од 19 век во Македонија

Authors

  • Petar Namicev
  • Ekaterina Namiceva

Abstract

Составен дел на декорацијата на куќата во Македонија од 19 век претставува примената на одредени стилизирани мотиви во обликувањето на ентериерот. Според застапеноста на одреден материјал (дрво, малтер)се добива одредена типологија на декоративните елементи, со делумна или целосна примена на дрвото или малтерот во нивната застапеност воентериерот. Според стилот на декоративната обработка мотивите содржатгеометриска, вегетабилна или зооморфна декорација. Геометриската ивегетабилната декорација се застапени на елементите кои се изработуваатод дрво (врати, тавани, мусандри, долапи и сл.), додека зооморфната сеприменува на одредени најизразени декорирани парчиња (колце од таван,столб, мусандра и сл.). Според техниката на изработка на декорацијатаво резба се применувала овчарска, плитка и поткопана резба, додекастоларската и дрводелската метода се употребувала за декорирање натаваните со елементи со форма на мозаици. Покрај разновидноста напримената на декоративните мотиви, според различноста на формата, тиеоформуваат една складна декоративна целина во рамките на уредувањетона еден станбен објект.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2016-02-08

How to Cite

Декоративни мотиви во ентериер на градска куќа од 19 век во Македонија. (2016). Natural Resources and Technology, 9(9). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1293

Most read articles by the same author(s)