Влијание на кореновите нематоди (meloidogyne spp.) врз динамиката на растителните пигменти и приносите кај доматите

  • Makedonka Dautova
  • Mirko Spasenovski
  • Risto Vuckov

Abstract

Резултатите презентирани во овој труд  се однесуваат на ефектот на кореновите нематоди врз динамиката на растителните пигменти и врз приносот на доматите.

Испитувањето е извршено со стандардни методи и беше констатирано дека растенијата заразени со коренови нематоди имаат намалена растителна маса. Содржината на хлорофил во лисните клетки на заразените растенија, исто така е намалена, како резултат на намалувањето на фотосинтетската активност на површината на хлоропластите.

Содржината на вода во корените на заразените растенија е висока, но во погорните надземни делови на растението содржината се намалува, а со тоа и тежината на корените на заразените растенија е поголема, додека на надземните делови од ратсението тежината се намалува.

Физиолошката зрелост кај плодовите на доматот кај заразените растенија се јавува порано додека истите се со помали димензии.

Во заразените растенија детерминиравме присуство на коренови нематоди од родот Meloidogyne, попрецизно M. arenaria и M. incognite.

Доматите од нашето испитување беа со 4ти степен на зараза а приносот беше намален  за 31.44 % од приносот на контролата (здравите) растенија.

Published
Apr 22, 2013
How to Cite
DAUTOVA, Makedonka; SPASENOVSKI, Mirko; VUCKOV, Risto. Влијание на кореновите нематоди (meloidogyne spp.) врз динамиката на растителните пигменти и приносите кај доматите. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], p. pp.10, apr. 2013. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/281>. Date accessed: 29 mar. 2020.

Most read articles by the same author(s)