Одгледување на врвни пупки од пиперка (capsicum annuum l.) сорта куртовска капија во култура "IN VITRO"

  • Liljana Koleva
  • Mirko Spasenovski

Abstract

За регенерација на пиперката (Capsicun annuum L.)сорта Куртовска капија во култура ин витро, како почетни експлантати беа користени апикални пупки. По неколку пасажи на на MS (Murashige and Skoog 1962) медиум во присуство на IAA GA3 и кинетин беше добиена целосна регенерација. Сите култури беа држени во клима комора со релативна влажност од 80%, фотопериодизам од 16 / 8 часа светло / мрак, 25° С температура и осветлување од 2000 - 3000 Лукси. Добиените изданоци во услови ин витро пренесени во нестерилни услови добро се аклиматизираа, а аклиматизацијата одеше од клима комора, потоа преку топли леи (PVC фолија) и на крај во надворешни услови на отворени леи, каде што растенијата нормално се развиваа цветаа и дадоа плод.
Published
2013-04-22

Most read articles by the same author(s)