АНАЛИЗА НА ТРГОВСКИТЕ РЕЛАЦИИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА УНИЈА И РУСИЈА

  • Kostadinka Panova
  • Emilija Miteva-Kacarski
  • Vlatko Paceskoski

Abstract

Сѐ до приклучувањето на Русија во Светската трговска органзација (СТО), кое се случи во 2012 година, политичките и економските односи на ЕУ со Русија се засновани на Договор за партнерство и соработка. Договорот има за цел да промовира трговија и инвестиции и да развие хармонични економски односи меѓу ЕУ и Русија. Од 2012 година, кога Русија се приклучи кон СТО, трговските односи меѓу ЕУ и Русија се регулираат со правилата на СТО. Надворешната трговска размена помеѓу овие две земји во анализираниот период бележи континуиран раст сѐ до 2008 година, додека во 2009 година е забележан пад на трговската размена поради настанатата економска криза која го зафати светот. Трговската размена бележи пад и во 2013 година, а тоа се должи на економската криза во Русија. Во 2014 година ЕУ воведе и прошири низа дипломатски и економски санкции против Руската Федерација во знак на протест поради вмешаноста на Русија во дестабилизирање на Украина и прекршување на територијалниот интегритет на Украина. Како резултат на воведените санкции, трговската размена меѓу ЕУ и Русија бележи пад.

 

Published
2020-01-28