САТИРИЧНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ И ДУАЛИЗМОТ ВО РАСКАЗОТ „СФИНГАТА БЕЗ ТАЈНА“ ОД ОСКАР ВАЈЛД

  • Natasha Sarafova

Abstract

Целта на овој труд е да се посочат иронично-сатиричните елементи на дуализмот во
расказот „Сфингата без тајна“ од Оскар Вајлд, концепт на двоен идентитет карактеристичен за
доцниот викторијански период во деветнаесеттиот век. Ќе се користиме со историско-
биографска критика и анализа на сегменти во расказот напишан во прво лице, воедно давајќи
факти за животот на авторот и културниот контекст за тој период. Вајлд во своите дела го
критикува викторијанското општество не луѓето, неговите негативни карактеристики, како што
се: хипокризијата, двојните стандарди, сексуалната репресија и класната свест. Особено
социјалниот аристократски живот, системот на општествената класа, ставовите за бракот, и
дуализмот на човечката природа. Овој труд е поделен на два дела. Во првиот дел се занимаваме
со вовед за Оскар Вајлд и викторијанскиот период кој од рурална, станува урбана средина.
Вториот дел се однесува на жанрот и сегментите на расказот „Сфингата без тајна“ анализирајќи
го женскиот лик (како симбол на викторијанската жена) и причините за мистериозниот двоен
идентитет на човечката природа.

Published
Nov 28, 2019
How to Cite
SARAFOVA, Natasha. САТИРИЧНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ И ДУАЛИЗМОТ ВО РАСКАЗОТ „СФИНГАТА БЕЗ ТАЈНА“ ОД ОСКАР ВАЈЛД. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 10, n. 13, p. 59-68, nov. 2019. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/3318>. Date accessed: 08 dec. 2019.