Синтаксичката структура на глаголите со признакот „Емоционалност“ во германскиот и во македонскиот јазик

  • Biljana Ivanovska Faculty of Philology, Department of German language and literature University "Goce Delcev"-Stip Stip, R. Macedonia
  • Jagotka Strezovska

Abstract

Апстракт: Во германскиот и во македонскиот јазик постојат различни начини за опишување на емоционална состојба на човекот и таа може да се прикаже преку различни зборовни групи. Нашата цел во овој труд е да спроведеме контрастивни испитувања и анализа на дел од овие глаголи во македонскиот и во германскиот јазик. Покрај тоа, се надеваме дека резултатите од анализите на ваквиот тип на македонски и германски глаголи ќе најдат примена во наставата по македонски и германски јазик, во преведувањето и изработката на учебни помагала (граматики, речници, учебници и др.). Во трудот претставуваме анализа на глаголи со семантичкиот признак „емоционалност“ во современиот германски и македонски јазик, како и обид за поделба на оваа група глаголи на морфолошко, семантичкo како и синтаксичко рамниште. Се задржуваме посебно на синтаксичката структура и класификација на глаголите со признакот „емоционалност“.

Published
Jul 3, 2013
How to Cite
IVANOVSKA, Biljana; STREZOVSKA, Jagotka. Синтаксичката структура на глаголите со признакот „Емоционалност“ во германскиот и во македонскиот јазик. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 4, n. 4, p. pp. 7-14, july 2013. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/599>. Date accessed: 18 feb. 2020.