Книжевноста, културата, науката и религијата за поимање на конечноста и вечноста

  • Marija Emilija Kukubajska

Abstract

Научниците, и религиозните и атеистите, се согласнидека постои нешто необјаснето а сепак регистрирано во биомасата ифизиологијата на мозокот, што упатува на мисловната материја и напроцесот кој дифузира таинствена духовна потреба да се трага по тоа какода се стане подобро човечко суштество или спротивно на тоа, а во контекстна трајни вредности - на земјата, вредности кои упатуваат на вечното, во„небесата“. Во оваа потрага, верата, или нејзиното отсуство, во основаго одредуваат односот кон прашањата за конечноста или „бескрајот“ наживотот. Во оваа потрага, моралната и духовната реакција на умот имозокот се набљудувани и од духовен и од технолошки аспект. Се наведуванаучна студија од Харвард која ги истражува биохемиските реакциии промени во мозокот и нивната поврзаност со духовни стимулирања.Наодот од оваа студија е наречен генот на Господ (the God gene). Овојген се смета одговорен за мотивацијата и гравитацијата на човекот конБог, за целно ориентираната способност на човештвото себеси да секултивира како агенс за развивање на подобар карактерен интегритет,или како негативен, екстремен, деструктивен агенс - ако генот го има вонедостатни количини. Покрај наведување на други примери, овој труд јаутврдува внатрешната и најважна „мрежа“ на физички и духовни аспектина живот која меѓузависно ја регулира човековата потрага по одговорина повисоките морални прашања: значењето на смртта и бесконечноста,креативноста и нејзините трајни вредности, иследувани од народнаталитература до егзактните области во науките, како и во уметностите.Ставови наведени во ова истражување се потврдуваат со научните наодиза трајно инсталирани „духовни носители“ на позитивни и негативнивредности кај човекот, кои од неодамна станаа мерливи дури и во својатаматеријална природа. Ова го поддржува постојано зголемуваното значењена суштинската потреба од етички пристап неопходен во сите одбластина функционирање на човековото суштество: во социоекономски,дипломатски, еколошки и други интердисциплинарни области.
Published
Nov 18, 2013
How to Cite
KUKUBAJSKA, Marija Emilija. Книжевноста, културата, науката и религијата за поимање на конечноста и вечноста. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 3, n. 3, p. pp. 223-232, nov. 2013. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/712>. Date accessed: 08 dec. 2019.