Многумина просветни работници би се согласиле деканајголем непријател во наставниот процес е досадата и анксиозноста кајучениците. Најдобар начин да се пенетрира низ т.н. ефективен филтере да се создаде чувство на релаксираност и уживање на часот. Една одкорисните техники и методи за да се постигне релаксирана атмосфера начасот е секако играта, која може да се примени на секој наставен час,без разлика на предметот кој се подучува, типот на методската единица исекако возраста на учениците, истакнувајќи ја неопходноста на играта начасовите по странски јазик.Одамна се поминати деновите кога играта се сметаше за маргиналнаактивност резервирана за уморни наставници и ученици кои не можатили не сакаат да се посветат на посериозни задачи. Уште од раните 70-ти години на минатиот век се цени мотивационата вредност на играта нанаставниот час, што произлегува од популарноста на натписи на оваа темаиздадени во публикацијата „Модерниот наставник“.