СВ. КЛИМЕНТ – УЧИТЕЛ И УЧЕНИК

  • Виолета Николовска
Keywords: образование, учител, ученик, просвета, воспитание, азбука

Abstract

Факултетот за образовни науки, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е факултет кој подготвува кадар за учители, воспитувачи и педагози во примарното образование. Учителската професија е благородна дејност, затоа што пред себе го има она што е најскапоцено за човештвото и нацијата, а и за секој родител – децата. Задачата на учителот е да го описмени детето и да му биде првиот пример кој ќе делува и воспитно и од кој зависи дали детето ќе го засака образовниот процес, училиштето и учењето. Дејноста на учителот е експлицитно образовна и имплицитно, преку својот пример и однесување – воспитна. Учител не може да биде секој. Учителот треба да ги сака децата, да го сака знаењето и да има знаење. На ден пред денот во кој си спомнуваме за нашиот учител во верата и писменоста Св. Климент Охридски, сакаме да проговориме за овој светилник на нашата Црква, патрон на Македонската православна црква како учител, но и како ученик, на двајцата браќа наречени рамноапостолни, просветлители на словенските народи – Св. Кирил и Методиј.

Downloads

Download data is not yet available.

References

[1] Поповић, Ј. (1975). Житија светих – за јули. Манастир Св. Ћелије код Ваљева (енциклопедија).
[2] Угринова – Скаловска, Р. (1979). Старословенски јазик. Универзитет „С. Кирил и Методиј“ – Скопје (книга).
[3] Панонски легенди (превод Радмила Угринова – Скаловска), Наша книга, Македонска книга, Мисла, Култура, 1987 (книга).
Published
2024-06-07