ПОПУЛАРНОСТА НА ЕВТИНИТЕ ПРИКАЗНИ
Keywords:
роман, класицизам, новела, љубовна новела, популарна литератураAbstract
Годинава се навршуваат 250 години од раѓањето на Џејн Остин, светски познатата авторка на безвременски љубовни новели, кои не се само тоа. Иако напишала само шест романи, оваа англиска писателка, претставничка на класицизмот во англиската литература стекнува светска признаеност, станува омилена авторка на генерации по неа и според нејзините романи се екранизираат на големите и на малите екрани бројни остварувања кои сами по себе заземаат значајно место во историјата на седмата уметност. Нејзините романи реално го отсликуваат социјалниот контекст кон крајот на 18 и почетокот на 19 век во Англија и во него местото на жената во тогашното општество, воглавно зависна од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност. Коментарите, особено критичките се суптилни, ненагласени но остри. Џејн Остин е авторка која низ приказна за една љубов, дава слика за моралните принципи, доблестите, предрасудите во општеството во кое живее. Читаноста на нејзините дела побудува серија автори што ќе го преземат нејзиниот стил на пишување. Но, по наше мислење отвора и врата за создавање на една уметнички помалку вредна, но многу популарна литература – љубовни новели, во нашата средина познати како љубовни викенд романи. Под „евтини приказни“ во оваа статија ја подразбираме онаа т.н. шунд-литература, иако и овој термин не е доволно дефиниран. Мислиме на серија кратки новели, кои излегуваа во времето на шеесеттите и подоцна, години на просторите на бивша Југославија, но и пошироко, со називот „љубовни викенд романи“. Ќе се обидеме да проанализираме каде се нивните корени и на што се должи нивната популарност. Ќе се послужиме со слични анализи ако ги пронајдеме, со оглед на тоа што во нашава средина до сега таква анализа не е направена.
Downloads
References
Младеноски, Р. (2018). Теорија на книжевноста. Штип: Универзитет „Гоце Делчев“.
Остин, Џ. (2017). Убедување. Скопје: Ѓурѓа.
Austin, J. (1995). Pride and Prejudice (Retold by Clare West), Oxford University Press.
Jane Austin. Jane Austen - Biography, Life Timeline, Books, Movies, Quotes, Period Fashion (преземено на 17. 07 2024).
Љубавни роман. Љубавни роман — Википедија. (преземено на 17. 07. 2024).
Rodelj, M. (18. 07. 2017). Ko su čitaoci ljubavnih romana. Knjižare Delfi (пристапено на 29. 04. 2021), во статијата: Љубавни роман. Љубавни роман — Википедија. (преземено на 17. 07. 2024).