ЕДЕН ДОКУМЕНТ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ КАЈ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ВО СЕЛОТО БРЕЖАНИ, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ВО УЧЕБНАТА 1954 – 1955.
Keywords:
Македонци, Бугари, самоопределба, самосвест, Пиринска Македонија, образование.Abstract
Во оваа статија се објавува (делумно) и анализира Дневникот на Основно училиште
„Пејо Јаворов“, село Брежани, околија Благоевград за учебната 1954/1955 г. Документот содржи дополнително воведена од учителот или директорот графа за национална припадност, каква формуларот не предвидувал. Класот имал 28 деца, од кои 12 момчиња и 16 девојчиња, при што 24 се самоопределиле како Македонци, 3 како Бугари а 1 останало неопределено. Фактот што имало и Македонци и Бугари и тоа што дневникот е од време кога се дозволувала слобода на самоопределбата зборува за точноста на податоците. Притоа училишната програма не содржи македонски теми, напротив насочена е кон создавање бугарски патриотски чувства и според тоа македонската самоопределба не е поттикната од училишните содржини, напротив.