КНИЖЕВНИТЕ ТЕКСТОВИ СО ИСТОРИСКА И ЕСТЕТСКА ОПРЕДЕЛБА ЗАСТАПЕНИ ВО НАСТАВАТА ПО ИСТОРИЈА
Keywords:
учител, историја, меморија, настава, текстови, духовен живот.Abstract
Во трудот се претставени придобивките и значењето на книжевните
текстови со историска и естетска определба во наставата по историја. Преку нив на учениците им се доближува историското минато, се зголемува интересот за историските настани и се поттикнува развој на способности за набљудување, доживување, мотивирање, самостојно
формирање заклучоци и стекнување нови извори на знаење. Во рамките на темата се наведени примери од книжевни текстови на познати македонски автори, создадени во определени временски периоди, кои претставуваат вреден и корисен материјал во наставата по историја. Овие текстови се своеобразни извори и за историската наука, и за наставниците, и за учениците.Преку книжевно-историските текстови учениците стекнуваат морални и естетски вредности, а делата што го опишуваат подвигот на македонските револуционери, херои и борци, кои оставиле светли страници во историјата на македонскиот непокор, остануваат трајно втиснати во нивната колективна меморија.
Downloads
References
Абаџиев, Ѓ. (1972). Балканските војни и Македонија. Скопје.
Ачковска, В. (2001). Методика на наставата по историја. Скопје.
Education Visual Stories. (2022). Teaching history and literature together.
https://education.visualstories.com/teaching-history-and-literature-together
Елсезер,С.(2011) Литература и филмот дел од колективната меморија, Меѓународен
семинар за македонски јазик и култура, Скопје.
Енциклопедија на естетиката и на теоријата на литературата (македонско
издание). (н.д.).
Јаневска, М. (2021). Користење на литературните дела во наставата по македонски
јазик (магистерска теза). УКИМ.
Лапе, Љ. (1976). Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ (Дел 3).
Скопје.
Наумовски, С. (1991). Методски прирачник за наставата по историја. Просветно
дело.
Перовиќ, М. (1995). Методика на наставата по историја. Белград.
Подгорец, В. (1983). Македонска голгота. Наша книга.
Стојменска Елзесер, С. (2011). Литература и филмот: дел од колективната
меморија. Меѓународен семинар за македонски јазик и култура.
Стојчев, В. (2000). Воена историја на Македонија. Скопје.
Трајанов, А. (2005). Историја на Македонија. Скопје.
Тоциносовски, В. (2006). Волшебностите на зборот. ДНУ.