ЛОГИСТИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА КЛУЧНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ОПШТИНА ШТИП ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНИ СОСТОЈБИ

  • Марија Миленкоска
  • Зоран Десподов

Abstract

Потребата од организирање и развој на систем за управување со кризи, како решение за интегрално
справување со современите видови на ризици и опасности, почнувајќи од нивната рана детекција, превенција,
па сѐ до целосно разрешување, е нагласена во Националната концепција за безбедност и одбрана.
На локално ниво, односно на општини се формираат локални совети, со задача да вршат локална
проценка на ризикот и на опасноста со која се соочува општината, потоа да ги координираат ресурсите и
активностите во нејзини рамки, како и да ги организираат граѓаните во местото на живеење и да остваруваат
соработка и координација со другите блиски општини.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2017-12-26
How to Cite
Миленкоска, М., & Десподов, З. (2017). ЛОГИСТИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА КЛУЧНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ОПШТИНА ШТИП ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНИ СОСТОЈБИ. Natural Resources and Technology, 11(11), 127-137. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/2002