ИСТРАЖУВАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА ЗА ПРЕМИНИ НА ЖИВОТНИ ПРЕКУ ТРАНСПОРТНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ
Abstract
Република Македонија има тенденција да ја подобри државната патна мрежа со изградба на нови автопати и експресни патишта со главна цел да обезбеди подобра поврзаност и побезбедни патишта. Често поставуваното прашање е: Како да се избегне заштитено подрачје и да се проектира пат, а да се обезбеди премин на животни преку новиот изграден пат? Применатa на аналитички методи во рана фаза за време на проектирање на патишта со цел да се обезбеди побезбедно преминување на животните преку нови изградени патишта е добар начин да се реши овој проблем. Македонија нема искуство во примена на мерките за ублажување на заштита на животните, нема податоци за смртност кај животните, сè уште не се имплементирани предложените мерки за ублажувањ,е и најважното свеста за ова прашање не е на посакувано ниво на сите засегнати страни вклучени во проектите за патишта. Овој труд има за цел да предложи методологија за утврдување на места и видови на објекти за премин преку патиштата на различни видови животни кои се во опасност при изградбата и експлоатацијата на патишта.
Клучни зборови: биодиверзитет, фрагментација, изградба, патишта, зелени мостови.