Регенерација на пиперка (capsicum annuum l.) од апикални пупки во услови ин витро

  • Mirko Spasenovski
  • Liljana Koleva

Abstract

Апикални пупки од пиперка Куртовска Капија беа изолирани од асептички р'тени семиња, а потоа беа култивирани на MS (Murashige andSkoog 1962) минерален раствор со 3% сахароза, 7% агар и хормони (IAA, Ga3 и Кинетин).

По четири недели експланатите беа култивирани на истиот медиум каде се развија лисни розети. Во присуство на хормоните индол-3 оцетна и киселина (IAA) и индол-3 бутерна киселина (IBA) изданоците на пиперка се вкоренија. Најдобро вкоренување беше постигнато во ерленмаерови тиквици од 250 ml.

Вкоренетите растенија беа префрлени во пластични садови во мешавина од тресет, песок и перлит во однос (1:1:1). После еден месец растенијата постепено се адаптираа на надворешни услови.

Published
2013-04-22