In Vitro Органогенеза на хипокотили и котиледони од пиперка (capsicum abbuum l.) сорта куртовска капија

  • Mirko Spasenoski
  • Liljana Koleva

Abstract

Хипокотили и котиледони беа изолирани од асептички из′ртени семиња на 1/2 MS медиум. Потоа истите беа поставувани на MS медиум со 3% сахароза, 0,7% агар, и хормоните IAA, IBA, GA3, NAA, BAP и KIN, кои беа додавани во медиумот во различни комбинации и концентрации. Органогенезата на хипокотили на MS + 1,0 – 10,0 mg/l KIN + 0,1 mg/lIAA оди исклучиво во правец на калусогенеза и ризогенеза. Органогенезата на котиледони на MS + 1,0 – 10,0 mg/l KIN + 0,1 mg/lIAA се одвива во правец на формирање на лисни розети и калус. Во обидот за регенерација на пиперка во услови ин витро од немеристемски експлантати констатирено е дека, меристемските експлантати имаат поголем потенција за регенерација во цело растение, за разлика од хипокотилите и котиледоните.
Published
2013-04-22

Most read articles by the same author(s)