ВЛИЈАНИЕТО НА МЕНАЏЕРСКОТО ДЕЛЕГИРАЊЕ ВО СОЗДАВАЊЕТО НА УСПЕШНИ БИЗНИС ПРАКТИКИ ВО ТРГОВИЈАТА И СЕРВИСИРАЊЕТО НА АВТОМОБИЛИ

  • Aco Noveski
  • Trajko Miceski

Abstract

Менаџментот како активен процес, претставува пристап во работниот процес како во бизнис заедницата, така и во општествената сфера. Сѐ уште кај многу личности преовладува мислењето на традиционалниот пристап, дека менаџирање во организациите се однесува само на раководната структура која располага со статус и моќ добиена од позицијата на работното место. Но, денес, во современиот бизнис свет, се истакнува дека тоа е процес во којшто се вклучени сите вработени во организацијата, нејзината организациската култура и дејствуваат во секојдневните активности на истата. Затоа, менаџментот може да се дефинира како активност за извршување на работните процеси со вклученост на сите вработени. Синергијата во заедничкото работење доведува до постигнување квалитетни резултати. Квалитетните резултати, пак, се согледуваат преку создавање систем од вредности кои имаат практична примена и создаваат позитивни практики. Само преку заедништво и учество на сите единки и групи во организацијата, менаџерскиот процес е успешен, успешно се развиваат индивидуални капацитети, преку формалното и неформалното учење се стекнува знаење, креативност и успешност, се создава квалитетно организациско однесување и се подигнува имиџот на организацијата.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-01-28
How to Cite
Noveski, A., & Miceski, T. (2020). ВЛИЈАНИЕТО НА МЕНАЏЕРСКОТО ДЕЛЕГИРАЊЕ ВО СОЗДАВАЊЕТО НА УСПЕШНИ БИЗНИС ПРАКТИКИ ВО ТРГОВИЈАТА И СЕРВИСИРАЊЕТО НА АВТОМОБИЛИ. Yearbook - Faculty of Economics, 18(2), 7-25. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3411

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 6 7 > >>