УНАПРЕДУВАЊЕ НА УПРАВУВАЊЕТО СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Keywords:
јавни претпријатија, практики на управување со човечки ресурси, изведба на вработените.Abstract
Управувањето со човечки ресурси подразбира прибирање, селекција, развој, одржување, приспособување, насочување и користење на човечките потенцијали во согласност со целите на компаниите, со истовремено почитување на индивидуалните потреби и цели на вработените. Докажано е дека практиките на управувaње со човечки ресурси се поврзани со изведбата на вработените и севкупната организациска изведба. Сите тие укажуваат на потребата јавните претпријатија конзистентно да ги имплементираат регрутирањето и селекцијата, обуката и развојот, управувањето со кaриерата, системот за наградување, планирањето на човечките ресурси и благосостојбата на вработените заради подобра работна перформанса на вработените и постигнување на организациските цели. Овој труд препорачува идни истражувања на факторите кои можат да имаат влијание врз изведбата на вработените во претпријатијата.