УЛОГАТА НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА ВО РАМКИТЕ НА КРИЗАТА ВО МЕКСИКО ИЛИ “TEQUILA CRISIS” ОД 1994 – 1995 ГОДИНА
Keywords:
криза, финансиска либерализација, фискална политика, јавен долг, меѓународни финансиски институции.Abstract
Овој труд нагласува неколку важни лекции од Текила кризата од
1994 до 1995 година, особено за земјите во развој, кои произлегуваат
од анализата: (1) режимите на врзани номинални девизни курсеви се
исклучително опасни, (2) силната прудентна супервизија на банкарскиот
систем е од клучно значење за спречување на финансиски кризи,
(3) финансиската либерализација мора да се управува исклучително
внимателно, (4) различни политики се потребни за да се промовира обновата во земјите во развој и во индустриски развиените земји. Согласно на ова, креаторите на политиките треба, како многу важна политичка цел,
да се стремат кон избегнување на такви кризи, бидејќи тие се екстремно
скапи за домашната економија. Важно е да се напомене дека БДП на
Мексико се намали за 7% во 1995 година, потрошувачката се намали за
повеќе од 17% и инвестициите паднаа за 30%. Постои генерален консезус
дека фискалната политика не беше главна причина на кризата, најмалку
во смисла на перзистентен дефицит кој го поткопува фиксниот девизен
курс како во класичниот модел на Kругман (1979). Многу бранители на
„преценетите” објаснувања се сложуваат дека динамиката беше водена од
приватниот сектор, а не од дефицитот на јавниот сектор.