ДЕТЕРМИНИРАЧКИ ФАКТОРИ НА ФИНАНСИСKИТЕ КРИЗИ
Keywords:
Финансиски кризи, каматни стапки, берзански падови, кризи „близначки“, економска нерамнотежа.Abstract
Финансиските кризи претставуваат опасна економска појава која, доколку се случи, може да предизвика сериозни последици за една национална економија. Токму последиците се една од главните причини зошто интересот за оваа тема е непресушен. Во насока на подобро разбирање на финансиските кризи, трудот дава опис на главните и детерминирачки фактори, како што се порастот на каматните стапки, порастот на несигурноста, проблемите во банкарскиот сектор, фискалните нерамнотежи, и сл., кои се детектирани како виновници за сериозните економски падови во националниот производ, вработеноста и националниот доход. Подоброто разбирање на овие фактори треба да овозможи полесно предвидување на некои идни економски текови. Освен тоа, трудот делумно опфаќа и анализа на берзанските падови и на кризите „близначки“ и нивните причинско-последични ефекти врз економијата.