БАЗЕЛ 3 И НЕГОВАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ
Keywords:
пазарна дисциплина, глобална економска криза, банкарски сектор.Abstract
Големите и значајни промени во однос на супервизијата, пазарната дисциплина и во прв ред стандардите за капитал на банките донесени и имплементирани со капиталната спогодба Базел 2 се покажаа како недоволни во спречувањето на големата светска финансиска и економска криза во 2007-2008 година. Таа ги исфрли на површина сите недостатоци од финансиски аспект, резултирајќи со огромни загуби и сериозни ликвидносни промени кај голем број банкарски џинови кои се сметаа за финансиски темели во одредени банкарски системи. Глобалната економска криза обезбеди можност за фундаментални преструктурирањa на пристап кон ризикот и регулативата во финансискиот сектор. Членките на Базелскиот комитет за банкарска супервизија (BCBS) постигнаа колективен договор за реформите за „зајакнување на глобалниот капитал и правилата за управување со ликвидноста со цел да се промовираат пофлексибилен банкарскиот сектор“, кој се нарекува Базел III. Според Базел III, за секоја област на предложените измени има посебни консултации, дебати и фази на имплементација. Како резултат на тоа, во однос на спроведувањето на претходна согласност (Базел II), ова повисоко ниво на динамичност, комплексност и меѓузависност во рамките на глобалните регулаторни пејзажи, најверојатно, ќе додаде значителен предизвик за спроведување на Базел III.