ВЛИЈАНИЕТО НА СИТУАЦИСКИ МЕНАЏЕРСКИ СТИЛОВИ ВО ОРГАНИЗАЦИСКОТО ОДНЕСУВАЊЕ
Keywords:
менаџмент, авторитет, менаџерски стил, конкурентност, комуникација, организациско однесување.Abstract
Денес менаџерите создаваат нова, диверсифицирана улога, тие се тренери, учители и ментори за вработените, тоа бара нови стилови на менаџирање. Менаџирањето е поврзано со однесувањето, со создавање и спроведување на акции и договори за акции. Тоа не е само функција, тоа е пред сѐ работна задача на секој менаџер кон која треба посебно и одговорно да се однесува. Желбата за раст на организацијата и напредување пред конкуренцијата се согледува и од фактот што подредените заедно со своите менаџери доброволно присуствуваат на настани кои не се нивна редовна обврска, но со кои се подобрува сликата на организацијата. Ова упатува на констатацијата дека менаџерите раководат со луѓе кои се инволвирани и лојални на својата организација, со подредени кои се вклучени во секојдневните настани и во процесот на одлучување, а тоа го овозможува информираноста и комуникацијата. Комуникација постои, позастапен е протокот на информации од врвот кон базата преку кој се градат јасни односи за хиерархиската поставеност.