ПРОМЕНА НА СТРУКТУРАТА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПОТРЕБА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

  • Kiril Petrusevski
  • Risto Fotov
Keywords: енергија, потрошувачи, стратегија, производство, инвестиции.

Abstract

Од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, а посебно во последниве неколку години, најважното прашање за развојот на енергетскиот сектор во Македонија е недостатокот на инвестициски модел. Тоа е и една од причините за малиот број на нови енергетски капацитети во земјата. Поголемиот дел од постоечката енергетска инфракструктура во Македонија е изграден за време на втората половина од минатиот век. Моментална инвестициска стагнација, особено по одвојувањето од Југославија, е слабиот енергетски сектор кој е премногу зависен на увозот на енергенси и со тоа е неконкурентен во регионалниот пазар на енергија. Странските инвеститори доаѓаат и си одат од земјата. Соочувајќи се со различни правни и административни бариери мал број од нив се одлучува да инвестира, а со тоа бројни важни стратегиски енергетски проекти за Македонија остануваат нереализирани, чекајќи „подобри денови“. Дополнително, и трговците на големо и индивидуалните потрошувачи се соочуваат со тешкотии во нивното работење и секојденевниот живот како резултат на слабото снабдување со енергија, нискоквалитетни преносливи и дистрибутивни системи, комбинирани со недостаток на енергија и неефикасно менаџирање на енергетскиот систем. Нови капацитети се имаат отворено во последниве две декади, но тие не се доволни да ја задоволат зголемената побарувачка за енергија или да ја зацврстат енергетската позиција на Македонија во регионот на Југоисточна Европа.

Downloads

Download data is not yet available.

References

“An energy policy for Europe”, [“Енергетска политика за Европа“], достапна на: http://eurlex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=COM:2007:0001:FIN:EN:PDF
Одлукa зa донесувaње нa енергетскиот бaлaнс нa Р.Мaкедонијa во Службен весник, бр.165/2008, бр.158/2007, бр.63/06;
Енергија, Списание на Електрани на Македонија, број. 20, година IX, декември 2016 година; Директива бр. 2009/28/ЕЗ;
Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија, ЗА ПЕРИОД 2008-2020 СО ВИЗИЈА ДО 2030, Македонската академија на науките и уметностите, Скопје, 2009.
Blagoja Stevanovski, Mile Spirovski, Mile Joncevski: “Dynamic characteristics of a DFIG wind turbine connected to the transmission power system of Republic of Macedonia“, POWERENG Conference 2013, Istanbul
Инвестиции во енергетиката, Македонија како пример, Аналитика Септември 2009 Скопје
Kyoto Protocol to the United Nations Framework Convention on Climate Change". UN Treaty Database. Retrieved 27 November 2014
http://unfccc.int/kyoto_protocol/items/2830.php
Published
2020-12-13
How to Cite
Petrusevski, K., & Fotov, R. (2020). ПРОМЕНА НА СТРУКТУРАТА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПОТРЕБА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА . Yearbook - Faculty of Economics, 12(1), 165-171. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3872

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>