ЗНАЧЕЊЕТО НА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ И УСПЕШНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

  • Aleksandra Kostadinov
  • Olivera Gjorgieva-Trajkovska
  • Blagica Koleva
Keywords: финансиска анализа, показатели, финансиски извештаи, одлуки

Abstract

Предмет на обработка во овој труд претставува значењето на анализата на финансиските извештаи, особено рацио анализата, за успешноста во работењето на компаниите и донесување на ефикасни економски одлуки. Финансиската анализа претставува исцрпно истражување, квантифицирање, опис и оценка на финансиската состојба и успешност на компанијата. Финансиската анализа се јавува како една од најважните функции на управување, раководење и контрола на финансиите на една компанија.Таа дава оценка за бонитетот на компанијата и има за цел да ја утврди финансиската состојба на една компанија, како квалитет и квантитет на средства и извори на средства и финансиски резултат во одреден временски период. Преку анализата и обработка на информациите презентирани во финансиските извештаи (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и извештај за промена на капиталот) се добива одговор на многу прашања, како што се: каква е состојбата со средствата на компанијата? Колкава е неговата успешност? Колкава е искористеноста на ресурсите? Колку се оправдани
неговите трошоци? Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Таа се фокусира, пред сѐ на финансиските показатели кои ги користат аналитичарите, инвеститорите, менаџерите и другите заинтересирани субјекти, со кои
се врши евалуација на финансиската состојба, оперативните перформанси и готовинските текови на работењето на компаниите.

Downloads

Download data is not yet available.

References

[1] Проф. д-р Оливера Ѓорѓиева Трајковска, д-р Благица Колева, Анализа на финансиски извештаи, Штип 2017.
[2] Проф. д-р Оливера Ѓорѓиева Трајковска , проф . д-р Благица Колева, Финансиско сметководство, Штип 2019
[3] Проф. д-р Благица Колева, проф д-р Оливера Трајковска, Основи на сметководство, Штип 2020.
[4] Проф. д-р Оливера Ѓорѓиева Трајковска, Финансиска анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите.
[5] Doc.dr Goranka Knezevic, Analiza finansijskih izvestaja, Beograd 2008.
[6] Д-р Трајко Русевски, м-р Саша Твртковиќ, Финансиско сметководство, 2002.
[7] D-r Jovan Rodic, D-r Mirko Andric, D-r Gordana Vukelic, D-r Bojana Vukovic, Analiza finansijskih izvestaja, Beograd 2015.
[8] Horngren, Sundern, Elliott, Philbrick, Introduction to financial accounting, 2006.
[9] Rankovic dr J. Upravljanje finansijama preduzece Beograd 1989.
[10] Thomas R. Robinson, Hennie Van Greuning, Elaine Henry, Michael A. Broihahn, International
Financial Statement Analysis, 2009.
[11] Martin Fridson, Fernando Alvarez, Financial Statement Analysis, 2002.
Published
2024-12-23
How to Cite
Kostadinov, A., Gjorgieva-Trajkovska, O., & Koleva, B. (2024). ЗНАЧЕЊЕТО НА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ И УСПЕШНОСТ НА КОМПАНИИТЕ. Yearbook - Faculty of Economics, 26(1), 95-101. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7060
Section
Accounting and Auditing

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 6 > >>