АПЛИКАТИВНОСТ НА РЕЖИМОТ НА РЕЗЕРВИ НА ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ДОГОВОРНО ПРАВО ВРЗ ДОГОВОРИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Abstract
Глобалните предизвици пред кои е исправено
меѓународното право не стивнуваат. Напротив, добиваат сѐ поголеми
димензии, особено во контекст на зголемените безбедносни проблеми.
Први на удар се универзалните вредности: човековите права и слободи.
Притоа, државите изнаоѓаат различни форми за да се „ослободат“ од
така наметнатите обврски. Меѓутоа, режимот воспоставен со Виенската
конвенција за договорно право е јасен. Проблемите кои се наметнуваат
произлегуваат од начинот на толкување и извршување. Текстот има за цел
да ги разгледа токму овие предизвици и да се обиде да изнајде одговори
за универзалните прашања, преку анализа на теоретските пристапи кон
проблемот и практиката на еминенти институции во областа.
Клучни зборови: меѓународно право, пристап, нормативен договор,
меѓународни институции