ПРИМЕНА НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СЛУЧАИ НА ВООРУЖЕН СУДИР И ФАКТИЧКА ОКУПАЦИЈА

  • Весна Попоска

Abstract

Примената на меѓународното право за правата на човекот не треба да

биде исклучена, туку исклучива, во контекст на современите безбедносни закани кога се

повеќе се губи линијата помеѓу мирот и војната. Исклучителен е предизвикот пред кој е

поставено меѓународното право за правата на човекот во случаите на борба со новите

современи закани од асиметричен карактер, како и неговата апликабилност во тие

ситуации, со оглед на фактот дека некои автори се обидуваат да ја негираат примената

на меѓународното право за правата на човекот во овие ситуации и се обидуваат тоа да го

заменат со исклучува примена на меѓународното право за вооружен судир. Ова

претставува нова и недоволно истражена тема во областа на меѓународното право, која

ја разбранува светската јавност по ликвидацијата на Осама бин Ладен, а доби сосема нова

димензија со експлозивните пејџери со кои беа ликвидирани припадници на Хезболах на

територијата на Либан. Сепак, примената на меѓународното право за вооружени

конфликти, не ја исклучува примената на меѓународното право за правата на човекот,

особено на корпусот на права кои се од недрогабилен карактер и двата меѓународно-

правни режими не се антагностични по својата природа.

Клучни зборови: меѓународно право, човекови права, тероризам, војна,

окупација.

Published
2025-02-06