ПРАВНИ АСПЕКТИ НА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА
Abstract
Сајбер безбедноста претставува релативно понова
област, која ги зафаќа речиси сите аспекти на современото живеење.
Специфичната природа на сајбер просторот, неговата специфична
структура и нематеријалност, го прават комплексен за обезбедување. На
крајот од денот, првичната намера на сајбер просторот не беше тој да
биде „обезбеден“ или уште помалку, контролиран.
Работите се променија и истиот денес претставува сензитивна и
критична област, и Ахилова петица на современото општество. Еден од
клучните аспекти на оваа проблематика е правната рамка и тешкоттите
за нејзина апликација. Целта на трудот е да обезбеди сеопфатен пристап
кон проблематиката, со цел на понатамошно изнаоѓање на препораки и
реални насоки за ефективно справување со заканите, пропорционално
на потребите и барањата на демократските општества.
Клучни зборови: меѓународно, казнено, право, политики,
стратегија