ЕВРОПСКАТА УНИЈА КАКО ГЕОПОЛИТИЧКИ АКТЕР – ОД „ PAX EUROPAEA “ ДО „ТВРДИНА ЕВРОПА“

Authors

  • Весна Попоска
  • Ненад Танески

Abstract

Безбедносниот поредок кој ја поддржуваше европската стабилност по Студената војна е сè повеќе нарушен од враќањето на геополитичката конкуренција, ерозијата на мултилатерализмот и нестабилноста на трансатлантските односи. Во ваков контекст, Европската Унија (ЕУ) се позиционира како сè поавтономен безбедносен и одбранбен актер. Овој труд ја анализира еволуцијата на ЕУ од традиционален мировен проект кон потенцијален одбранбен сојуз, преку развојот на институционални, оперативни и стратешки капацитети. Истражувањето ги разгледува клучните иницијативи, како што се Стратешкиот компас, Постојаната структурирана соработка (PESCO) и Европскиот фонд за одбрана, како и предизвиците поврзани со внатрешната кохезија и односите со НАТО. И покрај постојните ограничувања, трудот заклучува дека ЕУ прави значаен напредок кон оформување на сопствена безбедносна и одбранбена идентитетска улога во новата геополитичка реалност.
Клучни зборови: интеграција, институции, геополитика, политики, трошења.

Downloads

Published

2026-01-23

Most read articles by the same author(s)