УПОТРЕБАТА НА СИЛА ВО МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ОДГОВОРОТ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ЗАКОНОДАВСТВА ВО КОНТЕКСТ НА СОВРЕМЕНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ
Abstract
Темелите на кои е изграден системот на колективна безбедност и светот каков
што го знаеме во контекст на меѓународното право беа цврсто поставени во констелацијата на
односите по Втората светска војна. Една од основните премиси на основачите на овој систем
секако беше воспоставувањето на поредок кој ќе ја регулира и ограничи употребата на сила преку
меѓународното право, во кој главни улоги имаат државите. Сепак, во светот по студената војна,
а особено во светот по падот на Светскиот трговски центар, сè повеќе централна улога добиваат
недржавните актери. Советот за безбедност како носител на системот за колективна безбедност
во повеќе наврати и на повеќе начини се обиде да се носи со предизвикот и неговата нормативна
активност, провоцираше соодветен одговор на националните законодавства ширум светот.
Борбата со тероризмот еволуираше и иако стремежот истата да не ги ограничи либералните
вредности на кои се темели западната цивилизација е постојан, од анализата може да се забележи
дека просторот околу индивидуалните слободи се повеќе се стеснува.
Клучни зборови: колективна безбедност, вооружен напад, пропорционалност, закон,
слобода.