ДОГОВОР НА ОБЕМ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕВОЗ НА СТОКИ СПОРЕД РОТЕРДАМСКИТЕ ПРАВИЛА
Abstract
Превозот на стока во меѓународниот поморски транспорт
претставува проблематика од исклучително големо значење. Прашањето
за превоз на стока во поморскиот транспорт има приватно правна и
јавно правна димензија. Ваката констатација произлегува од фактот што
превозот на стока по море првенствено претставува најексплоатираната
транспортна маршрута, истовремено претставува гранка чии правен
режим се рефлектира во повеќе сфери на општеството и тоа: економијата,
политиката, екологијата итн.
Во последната деценија на 21 век правниот режим на меѓународен
превоз на стока претрпе бројни и разновидни промени во цел
постигнување на меѓународна униформност во правилата, особено во
создавањето на меѓународен правен инструмент којшто ќе го уреди
мултимодалниот транспорт – Ротердамските правила од 2008 година.
Во низата концепти коишто ги наметнаа Ротердамските правила, од
исклучително значење на полето на договорното право беше концептот
на „договор на обем“ во превозот на стока. Овој концепт повлече
конкретни исклучоци во примената на императивниот меѓународен
поредок за превоз и прашањето за одговорноста на превозникот. Токму
во поглед на уредувањето на прашањето за одговорноста на превозникот
се јавија најголемите дилеми и се проблематизираа конкретни прашања.
Во прилог на овие полемики стои фактот што Ротердамските правила сѐ
уште не се ратификувани од страна на 20 земји, што претставува услов
за нивно влегување во сила.1
Во рамки на овој труд ќе се обидеме низ призмата на теоријата,
решенијата на Ротердамските правила и судска практика, да ги
утврдиме предностите и слабостите на концептот на „договор на обем“
во меѓународниот превоз на стока, оправданоста на дерогирањето на
меѓународниот императивен поредок за превоз на стока и концептот надоговор на обем во меѓународниот поморски превоз (оригинал volume contract“).
Клучни зборови: транспорт, штета, одговорност, превоз врата до врата, договор на обем