ЕДНАКВА ПЛАТА ЗА РАБОТА СО ЕДНАКВА ВРЕДНОСТ
Abstract
Имајќи го предвид фактот што правото на еднаква плата е признаено како
човеково право за сите, во трудот се прави анализа на овој концепт во македонското трудово
законодавство. Тој претставува критериум за плаќање на работниот ангажман на мажите и
жените за работа со еднаква вредност т.е. исто работно место. Овој концепт веќе со децении
е принцип во меѓународното трудово право, сè повеќе инфилтрирајќи се како стандард и во
националните законодавства. Со употреба на правниот и социолошкиот метод во трудот се доаѓа
до заклучок дека во Република Северна Македонија проблемот не е во легислативата, туку во
недоволната информираност за правата на жените во врска со оваа тематика. Други проблеми
се неинформираноста дека правото за еднаква плата за еднакво вреднувана работа е регулирано
и со закон, ниското ниво на свесност и непостоењето на стриктни мерки за транспарентност на
платите, но исто така и стравот од губење на работното место, доколку работничката го пријави
работодавачот за кршењето на овој принцип. Примената на законодавните одредби што го
промовираат овој принцип во голема мера зависи и од практичното спроведување и заканите од
санкции во случај на непочитување од страна на работодавачите.