ОДНОСОТ МЕЃУ ТРУДОВОТО И СОЦИЈАЛНОТО ПРАВО СО ОСВРТ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНОТО ПРАВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Војо Беловски
  • Билјана Тодорова

Abstract

Актуелизирањето на односот меѓу трудовото право и социјалното право, како
гранки на правото и како наставно-научни дисциплини, е поттикнато од сознанието дека
социјалното право е поретко застапено во студиските програми на правните факултети во
Република Македонија, и кога станува збор за државните и за приватните универзитети.
Во трудот ќе биде направен основен преглед на мислењата за односот меѓу овие две
гранки на правото и наставно- научни дисциплини, како и преглед на статистичките показатели
за тоа каде и како се изучува социјалното право во Република Македонија и во некои земји од
Европска Унија.
Еден дел ќе биде посветен на предизвиците на социјалното право и на социјалната
политика во нашата земја со оглед на пошироката општествено-економска состојба во државата
и во рамките на сложениот процес на приближување на социјалната политика кон европскиот
модел на социјална политика.
Клучни зборови: правна наука, правна гранка, наставно-научна дисциплина, правни
факултети, социјална политика, трудово право, социјално право

Published
2019-05-27

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>