ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗАРАДИ ЕКОНОМСКИ, ОРГАНИЗАЦИОНИ, ТЕХНОЛОШКИ, СТРУКТУРНИ ИЛИ СЛИЧНИ ПРИЧИНИ (ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ)
Abstract
Законот за работните односи на Република Македонија
таксативно ги набројува и разработува начините на на престанување на
важноста на договорот за вработување. Во овој труд ќе биде разработен
и објаснет отказот на договорот за вработување заради економски,
организациони, технолошки, структурални или слични причини
(деловни причини), со модели на образци.
Доколку работодавачот има намера да донесе одлука за престанок на
работен однос на поголем број работници од деловни причини, односно
на најмалку 20 работници за период од 90 дена при секој престанок
на работен однос без оглед на вкупниот бројот на работниците кај
работодавачот, се смета за колективно отпуштање од деловни причини.
Работодавачот пред да го откаже договорот за вработување од
деловни причини (технолошки, економски, организациски и слични
промени), поради кои престанува потребата од вршење на определена
работа, може на работникот да му понуди:
1. вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање
и склучување договор за вработување за вршење на работи кои
одговараат на неговата стручна подготовка, односно квалификација;
2. стручно оспособување (обука, преквалификација или
доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач) или
3. нов договор за вработување.
Според член 13 од ОКДПС „критериумите за структурата на
работниците на кои им престанува работниот однос кај работодавачот
поради економски, организациски, технолошки, струкурни или слични
промени – деловни причини, се утврдува со колективен договор на ниво
на гранка, односно оддел или на ниво на работодавач“.
Клучни зборови: информирање, колективно отпуштање,
консултации, причини за отпуштање, рокови, испратнина