Плаќање на трудот

  • Војо Беловски

Abstract

го сочинуваат работниот однос, може да заклучи дека
најважен елемент е дека работникот договорно и доброволно се вклучува
во организираниот процес на работа кај работодавачот „за плата и други
примања“.
Основен принцип на МОТ е премисата: краен и одржлив мир може
да се постигне само ако е заснован врз принципите на социјална правда.
Тоа е основа на активностите на МОТ кои се темелат на принципите на
еднаквост, недискриминација и намалување на сиромаштијата. Оваа
забрана е утврдена и во мноштво меѓународни документи.
Работникот заснова работен однос за вршење определена работа за
што се здобива со право на заработувачка, односно плата и други примања
(надоместоци, додатоци).
Додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои
произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени
(5% по час се зголемува основната плата), работа во поделено работно
време, ноќна работа (35% по час), работа на дежурство, во согласност со
закон, продолжена работа (35% по час), работа во ден на неделен одмор
(50 по час), работа во празници определени со закон (зголемена за 50%)
и додаток за работен стаж (0,5% за секоја година работен стаж (член
106,став 3 од ЗРО).
Платата е составена од: основна плата, дел од плата за работна
успешност и додатоци на плата, кои се подетално обработени во овој
труд.
Клучни зборови: плата, успешност, додатоци, надомест, недискриминација, трошоци, застареност.

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)