ДИРЕКТОР И РАБОТНИОТ ОДНОС

  • Војо Беловски

Abstract

Директор (менаџер) е лице кое раководи или управува со едно правно лице.
Статусот, изборот, овластувањата и одговорности на директорот се регулираат со законски
прописи и – или со статутот и други основни акти на правното лице. Кај трговските друштва, кај
нас, е во употреба терминот управител во друштвото со ограничена одговорност, односно член
на управниот орган кај акционерските друштва. Во употреба е и терминот главен директор,
извршен директор, генерален директор, комерцијален директор и сл. На високообразовните
установи – факултети, наместо директор, во употреба е називот декан, а во универзитетите е
називот ректор.
Тие лица ја имаат управувачката функција (во поширока смисла), под која се подразбира
работоводењето и застапувањето на трговските друштва и други правни лица.
Целта на овој труд е да направиме јасна динстинкција помеѓу договорот за вработување
на работниците и т.н. менаџерскиот договор.
Формална власт (легални формални овластувања) во рацете на компетентна личност
(способност и стручност да се биде достоен за достапност на менаџерска функција) е вистински
менаџерски избор.
Во овој труд посебно ќе се осврнеме на прашањето за договорот за вработување на
деловни лица (менаџерски договор).
Клучни зборови: раководење, застапување, управување, одлучувањето, менаџмент

Published
2019-05-27

Most read articles by the same author(s)