ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ПРИПРАВНИЦИ, ПРОБНА РАБОТА, ВОЛОНТЕРСТВО И ВОЛОНТЕРСКИ СТАЖ

  • Војо Беловски

Abstract

Во овој труд се анализираат моделите на ангажирање на
работниците во работниот процес кај работодавачите преку формите на
договорите за вработување и нивната содржина т.н. договор за вработување со
приправник, договор за вработување со пробна работа и договор за волонтерски
стаж. Дадени се примери на обрасци на наведените договори за вработување
како урнек за нивна практична примена. За да се отстранат евентуални заблуди,
објаснета е разликата помеѓу приправничкиот стаж, волонтерскиот стаж и
волонтерството и пробната работа.
Овој труд е корисен за сите правници на кои ова област им е потесна
специјалност, за студентите, а посебно за работодавачите при ангажирањето на
нови работници како можност за избор на поквалитетни и постручни кадри, кои
се регрутираат преку формите на договорот за вработување на приправници
и договорот за пробна работа. Стекнатото образование е само предуслов за
квалитетно и стручно извршување на работние задачи, а преку приправничкиот
стаж се постигнува вистинско оспособување за самостојно извршување на
работните задачи за работното место за кое кандидатот се подготвува. Таа е
неопходна образовна подлога, но знаењето, вештината и способноста за
успешно извршување на работата во струката се стекнува со практична работа.
Предноста на пробната работа е во тоа што, ако работникот не задоволува,
работодавачот нема обврска да склучи договор за вработување и има можност
да провери и изврши избор од другу кандидати. Работникот условно заснова
работен однос. Доколку работникот ги исполнува условите на работата, ќе
остане во работен однос. Волонтерскиот стаж, како посебен услов за плагање на
стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен
закон, треба да се врши со склучување на договор за волонтерски стаж, меѓу
работодавачот и волонтерот.
Клучни зборови: разлики, избор, работни задачи, способност,
стручност, рокови

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)