ЕВРОПСКИОТ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ И УСЛОВИТЕ ЗА ПРИТВОР VIS-À-VIS ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: СЛУЧАЈОТ DOROBANTU
Abstract
Трудот има за цел да ја прикаже применливоста на Европската конвенција за
човекови права (ЕКЧП) во правниот поредок на ЕУ, која е предмет на научна анализа и дебата,
особено откако релевантноста на основните права во правниот поредок на ЕУ е експлицитно
нагласена од Судот на правдата на Европската Унија (СПЕУ). ЕУ не е (или барем сèуште) страна
на Конвенцијата, ефектите од ЕКЧП во Правото на ЕУ се индиректни по природа, служат како
извор на инспирација за општите принципи на Правото на ЕУ и се поклопуваат со Повелбата на
ЕУ на основните права во бројни случаи. Трудот ја разработува пресудата во случајот Dorobantu
кој се однесува на Рамковната одлука за Европскиот налог за апсење и условите за притвор
преку повреда на членот 4 од Повелбата за основните права на ЕУ, но со директно повикување и
примена на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во поглед на член 3 од
ЕКЧП. Како што се забележува од трудот, СПЕУ воведе нов начин за примена на судската пракса
на ЕСЧП, кое според авторот се движи подалеку од досега применетиот метод на Судот.
Клучни зборови: Европски налог за апсење, ЕСЧП, притвор, услови.