ПРАВНИОТ И ФАКТИЧКИ КОНТЕКСТ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ПРЕТХОДНО ОДЛУЧУВАЊЕ НА СУДОТ НА ПРАВДАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА – АНАЛИЗА НА СЛУЧАЈОТ ОГЊАНОВ
Abstract
Трудот го објаснува случајот Огњанов пред Судот на правдата на Европската
унија (СПЕУ) во постапка по претходно одлучување. Судот во Бугарија поднесе две упатувања
до СПЕУ кои се однесуваат на примена на националното правило кое има за цел заштита на
фундаменталните права на странките што има ефект на автоматско дисквалификување на суд кој
упатува прашања за претходно одлучување заедно со фактичкиот и правен контекст на случајот,
како и за толкување на Рамковната одлука за заемно признавање на судските пресуди во
кривичната материја. Разработена е пресудата по случајот во двете упатувања, со цел да се добие
целосен преглед на постапката за претходно одлучување пред Судот, како и да се претстават
импликациите кои овој случај ги има врз домашното право на државите-членки и нивните
обврски да го применуваат Правото на Европската унија.
Клучни зборови: претходни упатувања, национален суд, независност, Суд на правда, допустливост